Здружението ЦЕНТАР ЗА ИНТЕГРИРАНА БЕЗБЕДНОСТ Скопје е непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани, кое за интерес ги има социополитичките и социоекономските ефекти врз безбедноста, одбраната и заштитата.
Основни цели на здружението се да организирано, континуирано, самостојно и во соработка со други организации, спроведува квалитетни истражувања, анализи, проценки, предавања и обуки од областа на националната и регионалната безбедност, врз основа на кои ќе може се дефинираат соодветни препораки и предлози за реформа и унапредување на системот за безбедносност и општеството во целост, за зајакнување на капацитетите на субјектите на системот за национална безбедност и ќе се унапредува соработката и координацијата на регионално и меѓународно ниво.
Основачите на здружението, од кои повеќето до неодамна беа активно вклучени во работата во субјектите на Системот за национална безбедност во нашата држава, се водат од желбата и понатаму да допринесуваат со своето знаење, искуство и експертиза.
Знаеме дека државните институции, Градот Скопје и општините спроведува законски обврски кои се поврзани и со безбедноста, одбраната, работење во услови на прогласена кризна и вонредна состојба, со заштитата и спасувањето, безбедноста на класифицираните информации, за начинот на соработка и координација со дражвните институции од областа на безбедноста, одбраната и управувањето со кризи и други законски надлежности. За да ги спроведе и исполни сите наведени надлежности, обврски и права, потребни се експерти кои имаат специфични знаења, вештини и експертиза.
Од тие причини, Здружението ЦЕНТАР ЗА ИНТЕГРИРАНА БЕЗБЕДНОСТ Скопје, со целосна одговорност Ви предлага идна соработка или партнерски однос во спроведување на проекти од следните области:
- Постапување и координација при управување со кризи;
- Превенција при откривање на експлозиви и експлозивни направи;
- Улогата и учеството на Армијата и полицијата во поддршка на локалната самоуправа и компаниите во услови на прогласена, кризна и вонредна состојба;
- Превенција за намалување на ризици и закани при случај на земјотрес;
- Сајбер одбрана и безбедност;
- Превенција на граѓаните за заштита од провални кражби;
- Подготовки за заштита и спасување;
- Превенција кај младите за спречување на употреба на опојни дроги;
- Подготовки за одбрана;
- Безбедност на класифицираните информации;
- Проценки, анализи и изработка на Планови за начинот на обезбедување на институции;
- Одбележување на значајни настани и афирмирање на евро-атланските вредности;
- Набавки во одбраната и безбедноста;
- Родова еднаквост;
- Популаризација на воената професија
- Борба против корупција и непотизам;
- Учество во комисии и работни групи за спроведување на анализи, проценки и дефинирање на предлози за подобрување на процесите и работењето;
- Приватна безбедност;
- Засштита на личните податоци;
- Одбележување и афирмирање на евро-атланските вредности.
За сите наведени области имаме наши членови, кредибилни експерти кои се носители на предавањата и обуките, со подготвени теми, презентации и материјали. Здружението има изработен конкретен Каталог на проекти кои ги нудиме и можеме успешно да ги организираме и реализираме, согласно вашите потреби и барања.
Здружението како правен субјект, дава основа за организирана, институционална, несметана и успешна соработка. Од тие причини, доколку го привлековме вашето внимание и интерес, со задоволство Ви предлагаме да воспоставиме контакт за евентуален договор за конкретна соработка.
Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности:
1. Промовирање на критичка мисла, истражувања и анализи во создавање и спроведување на безбедносни и одбранбени стратегии и политики за унапредување и јакнење на безбедносните капацитети на општеството и органите на управување, кое ќе води кон постигнување на целосна евро-атланска интеграција;
2. Создавање на јавен простор за размена на мислења и унапредување на интеркултурните релации, со вклучување на носителите на одлуки и засегнатите страни;
3. Стручно согледување и информирање за актуелни безбедносни и одбранбено-политички состојби во државата и регионот и за нивното влијание на безбедноста на Републиката;
4. Подигање на свеста на јавноста и носителите на одлуки за создавање на интегриран систем на национална безбедност, под целосна демократска контрола и кој ќе биде во можност ефикасно и ефективно да остварува и меѓународна соработка;
5. Истражувања за местото, улогата и заначењето на приватниот безбедносен сектор, односно на приватните компании за обезбедување, како дел од системот за национална безбедност;
6. Ангажирање и превземање на активноста за јакнење на развојот на демократијата, граѓанското општество, човековите права, владеење на правото и безбедноста;
7. Анализи и проценки за родова одговорност на институциите од системот за безбедност;
8. Организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
9. Активности и информирање за Јакнење на моралниот дух и општествената отпорност кај нашите граѓани, кон современите закани и предизвици, како и негување на слободарските традиции и културното наследство;
10. Учество во одбележување на значајни настани и јубилеи од поблиското и подалечно историско минато и значајни настани во Република Северна Македонија и на меѓународни одбранбено-безбедносни организации;
11. Целосно и доследно спроведување на одредбите од статусот и за остварување на правата на членовите;
Во остварување на задачите Здружение ЦЕНТАР ЗА ИНТЕГРИРАНА БЕЗБЕДНОСТ Скопје ќе соработува со сите кои имаат за цел да го унапредуваат системот на национална безбедност, а особено со главните субјекти на системот за национална безбедност и одбрана во нашата држава, како и со други државни органи, здруженија и организации во државата и со меѓународни организации и институции од областа на безбедноста;