Ентузијаст, мотивиран да допринесе.за тимски успех со напорна работа, посветен на детали со одлична организациска вештина. Мотивиран да учи нови вештини. Јасно разбирање на рабтоните обврски, способност за пренесување на своето знаење, вештини и искуство на дурги. Стекнато искуство со скоро 30 години активна воена служба на различни должности ми овозможува вештини за комуникација со претпоставени и потчинети, решавање на недоразбирања и подобрување на односи во организација, како во национална така и во меѓународна средина. Коректен однос кон полова ориентација и чувства. Доверлив, лојален на институцијата – организацијата, подготвен да превземе повеќе работни задачи, „multitasking”. Едуциран и обучен да работи под притисок и со лимитирани ресурси, со јасно расудување и одредување на приоритети. Позитивен, реалист но и оптимист дека секогаш може подобро и повеќе. Способност да одржувам високо работно темпо со ориентација кон целите.
ВЕШТИНИ
Планирање, организирање, менаџирање, лидерство и надгледување на работна организација
Планирање, организирање извршување на работни задачи во несекојдневни услови
Донесување одлуки засновани на искуство, едукација и обука, способност за интуитивно носење одлуки
Ориентиран кон ефикасност и продуктивност
Посветен, инвентивен и иновативен
Фокусиран на достигнување и подобрување на функционалноста
Краткорочно, среднорочно и долгорочно планирање
Аналитичен и методичен
Подготвен за брзо адаптирање на новонастанати состојби
Позитивно влијание на други со лично однесување
Многу добро познавање на „Microsoft Office“
Многу добро познавање на финансиско и логистичко планирање
Одлично познавање на англиски јазик, комуникациски и презентерски вештини
РАБОТНА ИСТОРИЈА - КАРИЕРА
Декември 2019 – 21. Декември 2022
Нераспореден по свое барање ослободен од должност со цел да опточнам меѓународна кариера во CBRN Компанија “Hot Zone Solution” што не се случи заради пандемијата. Генералштаб на Армијата, Министерство за одбрана; Од страна на претпоставените и членовите на Ј3 често консултиран за мислење и анализа на состојбата и советување за подобрување на состојбата во областа операциите и борбената готовност при планирање и изведување на операции.
Септември 2015 – Декември 2019
Началник на секција Ј3 операции и борбена готовност во Генералштабот на Армијата, Генералштаб на Армијата, Министерство за одбрана; Лидерство со личен пример; Анализирање на состојбата, изработка на планови и изведување на операции; Водење и координација на штаб при донесување на одлуки; Евалуација на борбена готовност на Армијата; Надгледување на активности и интервенции за подобрување на работата; Градење на тим и тимска работа; Решавање на недоразбирања меѓу потчинети на взаемно прифатлив начин; Мотивирање на потчинетите; Иницијативност за подобрување.
Март 2011 – Септември 2015
Командант на 3. Резервна пешадиска бригада, Здружена Оперативна Команда, Генералштаб на Армијата, Министерство за одбрана; Командување, аководење и контрола; Оперативно планирање; Развој и реализација на планови; Воспоставување на приоритети; Надзор во спроведување на Законски прописи; Правилници, регулативи и процедури, влијание на персоналот; брза адптација на недајни промени; Кариерен и материјален менаџмент; Обезбедување на пријателски односи во колективот со потенцирање на почитување на хиерархија.
ПРЕТХОДНИ ДОЛЖНОСТИ:
Јануари 2006 – Март 2011
Заменик началник на секција Ј1 менаџмент со персонал, Генералштаб Армијата, Министерство за одбрана; Планирање на пополна, прием и долив на персоналот; Селекција, прием, унапредување и развој на политики за подобрување на персоналот; Еудкација, обука, кариерен развој на офицери, подофицери, професионални војници и цивилни лица на служба во Армијата.
Март 2001 – Јануари 2006
Офицер за меѓународна едукација и обука, Генералштаб на Армијата, Министерство за одбрана, Развој на планови за едукација и обука, дефинирање на потреби; Селекција и предлози на соодветен персонал.
Јануари 1993 – Март 2001
баталјон за Атомско, биолошка, хемиска одбрана (АБХО), Генералштаб на Армијата, Министерство за одбрана, Командир на мешовит вод АБХО; Началник на лабораториска станица; Командир на мешовита чета АБХО за извидување и деконтаминација.
ЕДУКАЦИЈА
Јуни 2008 – Јуни 2009
Магистер за Национална Безбедносна Стратегија, Национален Одбранбен Универзитет, Национален Воен Колеџ, Вашингтон, САД.
Јули 2005 – Јуни 2006
Магистер за Воени вештини, Школа за офицери за Здружени Команди и Генералштабни должности, Тарту, Естонија