Александар Симеон Стојчевски
Член на извршен одбор
aleksto@gmail.com
+389 78 475 715
Александар Стојчевски, пензиониран потполковник на Армијата на Република Македонија. Роден во Нов Дојран на 20.04.1964 година, живее со семејството во Скопје.

По завршувањето на Воената гимназија во 1982 година во Белград и Воената академија, насока инженерија во Белград и Карловац во 1986 година, работното искуство го стекнувал работејќи како офицер во Армијата, извршувајќи штабни и командни должности во инженериските и логистичките единици на Армијата.

Во периодот од 2002 до 2023 година, со успех завршува специјализација за командно штабни должности на Генералштабната академија на Бундесверот во Хамбург, Германија.

Има учествувано на повеќе меѓународни вежби и има завршено повеќе наменски обуки, курсеви и семинари поврзани со извршувањето на должностотите кои ги извршувал.

Во втората половина на 2017 година успешно извршувал и должност во НАТО меѓународната воена мисија во Авганистан „Одлучна подршка“, во Кабул, каде ја извршувал должноста Началник на инженерија во штабот на Командата за обука, помош и асистенција – Центар во Кабул. За работата во мисијата е оценет со одлична оценка и доделен му е НАТО медал (NATO non-Article 5 Medal).

Има објавено повеќе од 100 стручни текстови во поранешните магазини на Министерсвото за одбрана – Одбрана и Армиски збор, а од 2009 година, редовно објавува текстови и во актуелниот магазин на Министерството за одбрана – Штит, каде досега има објавено 160 текстови.

Во текот на работната кариера изведувал голем број на обуки, вежби и предавања со војници и старешини. Заради покажаните резултати во работата, повеќе пати е пофалуван и наградуван.
Скопје, Декември 2023 година