Проекти кои во текот на 2024 година ги изработи ЦИБ и аплицираше со истите.

1. По објавениот Јавен оглас од страна на Општина Гази Баба, за финансирање  на програмски активности на здруженија и фондации за 2024 година. На 12.02.2024 година, здружението ЦЕНТАР ЗА ИНТЕГРИРАНА БЕЗБЕДНОСТ Скопје, поднесе проект за стручни предавања со обединет назив: „Предавања за подобрување на свесноста и информираноста на учениците и наставниците во Основните училишта за превенција од насилство, закани и опасности и за вработените во Општината за извршување на дел од законските надлежности“.
Во месец јулу 2024 година, општина Гази Баба донесе одлука со која се поддржува проектот на ЦИБ и по потпишување на Договор за финансирање на проектот, во месец октомври 2024 година, започнавме со реализација на стручни предавања во 11 Основни училишта на тема: „Превенција на насилството меѓу учениците во училиштата и остварување на соработка со полицијата и другите надлежни служби“.
 
2.Во текот на месец февруари 2024 година, испративме понуда за спроведување на еднодневни предавања на 15 теми во надлежност и од интерес на Град Скопје, 10-те општини на територијата на Г.Скопје и Јавните претпријатија под надлежност на Г.Скопје.
Темите се од следните области:
-Превенција на насилство меѓу младите;
-Управување со кризи;
-Безбедност, одбрана и Армијата.
 
3.На 07.02.2024 година, поднесовме проект за финансирање од Амбасадата на Јапонија во
Скопје, Р. С. Македонија за програмата Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects (GGP).Називот на проектот е: Улогата и значењето на европскиот број за итни повици  Е-112, за зголемена заштита, спасување и помош во Р.С.Македонија“. Целта на проектот е во период од една година да се спроведат еднодневни предавања и обуки за подигање на свеста и информираноста на граѓаните кои живеаат на територијата на Град Скопје,  за важноста и улогата од воведувањето и користењето на европскиот број за итни повици Е-112.
 
4.Во текот на месец октомври 2024 година, тимот на ЦИБ, во соработка со партнерско здружение, ќе поднесе проект по Повикот на Граѓанскиот ресурсен центар од Скопје за поднесување на Акциски грантови за локални иницијативи. Проектот кој ќе се поднесе со партнерското здружение се однесува на: „Подобрување на вклученоста на родителите за остварување на интересите на учениците во основните училишта во Општина Аеродром“.


 

Галерија